Почитувани

BOMBUS TERRESTRIS
Bombus terrestris е единствената алтернатива за рачното оплодување. Во зависност од културата пчелите се користат за различни намени. Разликата е, меѓу другото, бројот на пчелите и процентот на јајцата и ларвите. Предностите во однос на природното оплодување се големи. Како на пример: намалување на трошоците, зголемување на приносот, зголемување на квалитетот и.т.н..

ЖИВОТЕН ЦИКЛУС И ЕФИКАСНОСТ
Пчелната мајка станува активна по одмор, почнувајки да бара храна .Од времето кога се активира,исто така почнува да бара и соодветно гнездо ,каде ке изгради колонија пчели.Во текот на создавањето на колонијата, пчелата мајка собира нектар и полен за да може да ги прехрани пчелите.По некое време оваа работа ја вршат другите пчели,додека пчелната малка се фокусирана на создавање јајца.Колонијата на пчели може да расте до различни големини, во зависност од барањата. Пчелната колонија може да порасне до 150-450 пчели.

КУТИЈА СО ПЧЕЛИ
Пчелната кутија е произведена од Холандската компанијата Biopol Natural и е изработена од еколошки чисти компоненти. Внатрешните и надворешни димензии се посебно и прецизно изработени. Во овој тип на кутија пчелната колонија има потенцијал да се развива добро и да работи со полна моќ. Благодарение на софистицираниот дизајн, достапноста на оптимална вентилација обезбедува оптимален развој на пчелите. Димензии LxWxH = 28 cm x 20,5cm x 21cm.

ХРАНЕЊЕ
Пчелните колонии бараат посебно формулирана храна, особено во случај на култура со отсуство на нектар. Оваа храна се наоѓа во кутијата и е доволна за целиот период на опрашување.

Contacts
Manush Georgiev 30, 2850 Petrich, Bulgaria
Ul. Kata Pockova bb, Strumica, Macedonia
Τ +389 72 304974
Τ +389 71 251207
F +31 297 347899
info@greneth.com
Copyright 2015 GreNeth